Игор Нестеренко, кошаркар на Хапоел од Хаифа, го одигра последниот натпревар со чепкалка за заби.
Израелско-украинскиот кошаркар како да дошол директно од кафеана на натпреварот против Хапоел Ерусалим.
Не ја извадил чепкалката од устата, за што дури и судиите не се грижеле премногу.
На овој натпревар, одигран пред неколку дена, тимот на Нестеренко победи со 101: 99, но мечот ќе се памети повеќе по овој необичен момент.
Нестеренко не придонесе многу за тоа, имаше четири поени, три скока и – една чепкалка за заби.