769
Историчарот Тодор Чепреганов смета дека дипломатијата во моментов не успеа да постигне решение.
-Мислам дека кога барате аргументи како да го понижите другиот, како сега што прави Русија, тогаш не бирате средства, вели Чепреганов во емисијата „Топ тема“.
Според него, „тоа што Путин го кажа за Украина дека е вештачка држава е нешто слично што Бугарија ни го прави на нас“.
-Одредени кругови од Бугарија велат дека Македонија е вештачка творевина од Тито и Комитерната, исто како што Путин вели дека Украина е создадена од Ленин, оценува Чепреганов.