М-НАВ е институција која работи по европски и светски стандарди, средствата за прелети ги добиваме од Еуроконтрол и треба да се трошат наменски, согласно планот за работа кој го доставуваме до Еуроконтрол на одобрување, а потоа и до Владата, вели за „Локално“ Климент Чепуњоски, поранешен синдикален претставник и поранешен член на Управен одбор на М-НАВ, а во однос на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во аферата „Паразити“ за високите примања на директорите на компанијата.
Според него, процент од овие пари, согласно закон, се и за Агенцијата за цивилно воздухопловство, која исто така подлежи на меѓународни норми и стандарди.
– Согласно наведеното, и примањата на вработените се предмет на одобрување на Еуроконтрол и тежнеат кон европско ниво и во двете институции, вели Чепуњоски.
Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во СВН во М НАВ, именуван од страна на владата месечно зема плата од 6 илјади евра. За една година истиот само како плата зема над 70 илјади евра. За мандат од 4 години тоа се над 280.000 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ништо поразлично не е ниту за членот на УО и Извршен директор во СВТ на М НАВ, Владо Крстевски, кој зема 4.5 илјади евра плата месечно. За една година тоа се над 50.000 евра, а за еден мандат од четири години Крстевски од државата ќе земе над 200.000 евра како плата.
Овие двајца директори во М-НАВ земаат скоро половина милион евра само како плата од М НАВ за еден мандат.
Н.П.