Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), Весела Чернева во изјава за бугарскиот весник „Дневник“ вели дека можно е да има придвижување на спорот меѓу Скопје и Софија само ако има промена на владејачката коалиција во Бугарија
Чернева оценува дека наместо Скопје да ја „турка“ оваа тема во предизборието во Бугарија, двете земји да се посветат на конкретни проекти.
Таа ја коментира и изјавата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервјуто за МИА, дека е „подобро земјата да одмори од проблемот со Бугарија додека не поминат изборите таму и да се посвети на средување на сопствениот двор“.
-Не мислам дека е во интерес на Северна Македонија да ја турка темата, затоа што ништо не може да добие од неа. И обратно, ако навистина има желба да работи по прашања како Коридорот 8, може да работи на нив, незвисно од изборите во Бугарија. Таквите нешта можат да ја олеснат напнатоста – конкретни проекти од кои и двете земји ќе имаат корист, вели Чернева.
Заменик-директорката на Европскиот совет за надворешни односи, за бугарскиот весник дава своја оценка и за проширувањето за време на португалското и словенечкото претседателство со ЕУ.
-Не сум оптимист за оваа година. Мислам дека ќе биде многу тешко да се постигне напредок. Концептот за проширувањето ќе биде разгледан политички, затоа што ако само кажеме дека проширувањето постои, а во практика е невозможно да се исполни, тоа ги демотивира земјите кандидати. Пристапот „ние ги лажеме дека ги сакаме, тие не лажат дека веруваат“ – повеќе не функционира, оценува Чернева.
Според Чернева, Бугарија само ја заврши „валканата“ работа и зад неа молчат и други земји на кои им одговара овој развој на настаните.
„Постојат најмалку уште четири земји кои се скептични кон него, но немаше потреба да се прави ништо затоа што Бугарија ја заврши валканата работа“, вели Чернев.