Червар: Со Балиќ најмногу се карав, но тој е најдобриот во историјата

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Легендарниот ракометен тренер, и поранешен македонски селектор, Лино Червар, изјави дека според него, Ивано Балиќ е најдобриот ракометар во историјата, но истотака и играч со кого најмногу се карал.

Червар има 69 години и планира во јануари да го има своето последно Европско првенство како селектор на Хрватска, но тоа не значи дека веднаш после ЕП ќе се повлече од националниот тим. Од јануари 2020 до февруари 2021, Хрватска треба да игра на ЕП, Олимписки игри и СП.

– Во сите клубови во кои работев, ми беше убаво. Јас го сакам ракометот. Одбраната е клучна, со неа се добиваат мечеви, а со напад се губат. Со Балиќ имав најмногу кавги и несогласувања, но тој е најдобриот во историјата. После напорна сезона, одам на гробовите на моите родители, рече екс тренерот на скопски Металург.

Слични содржини