153
Чешка на 2 февруари ќе ги укине привремените гранични контроли со Словачка, воведени за ограничување на илегалната миграција, изјави денеска премиерот Петар Фиала.
Чешка, заедно со Германија, Полска и Австрија, во есента минатата година ги врати граничните контроли поради зголемувањето на бројот на мигранти кои минуваа низ нејзината територија кон побогатите западноевропски земји.
Во 2023 година, Словачка пријави седумкратно зголемување на бројот на илегални мигранти, главно млади луѓе од Блиски Исток и од Авганистан, кои се инфилтрираа на нејзина територија откако влегоа во ЕУ преку Унгарија, чија крајна дестинација беше Германија.