Чешка наместо Русија во Советот за човекови права на ОН

од Nikola Popovski
307 прегледи

Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за прием на Чешка во Советот за човекови права на ОН на испразнетото место по заминувањето на Русија.

Чешка ќе има свое место во Советот за човекови права на ОН до декември 2023 година.

Да потсетиме, Обединетите нации на 7 април донесоа одлука за исклучување на Русија од Советот за човекови права поради извештајот за нападите по инвазијата на Украина.

За суспензијата на Русија имаше 93 гласа, 24 против, а 58 воздржани. За суспензијата на Русија беа потребни две третини од гласовите, а воздржаните не се бројат.

Слични содржини