Чешката централна банка размислува да купи биткоин

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Чешката народна банка размислува да вклучи биткоин во вредност од неколку милијарди долари во своите резерви, изјави гувернерот на централната банка Алеш Мил.

Ова ќе биде прв ваков потег на западна централна банка, објави Ројтерс.

Според него, оваа идеја се анализира и допрва треба да се донесе конечна одлука.

Централните банки традиционално чуваат девизни резерви во поконзервативни видови средства, а многу од нив предупредуваа во претходните години за ризиците од користењето криптовалути во јавните фондови.

Оваа идеја Мил ќе ја претстави пред седумчлениот совет на гувернери денеска, објави Фајненшл тајмс.

Доколку Советот го одобри предлогот, Чешката народна банка би можела да држи најмногу пет отсто од своите резерви во биткоин, што е околу 140 милијарди евра.

Слични содржини