Чешкиот претседател: Ме прислушуваат, а јас немам телефон

од Nikola Popovski
371 прегледи

Оваа недела, Комитетот за контрола на разузнавачките служби на Претставничкиот дом на чешкиот Парламент ќе се занимава со обвинувањата на претседателот на Чешката Република, Милош Земан дека бил прислушкуван од Безбедносно-информативната служба (БИС), иако тој нема никаков телефон.

„Пред неколку години, висок службеник на БИС ме извести дека шефот на БИС, г-дин Куделка, наредил да се прислушкува мојата непосредна околина. Тоа значи и мене, бидејќи мобилните телефони се прислушкувани, а како што знаете, јас немам телефон. Го известив премиерот за тоа, а тој ми рече дека го прекинал прислушкувањето, но тоа не било вистина“, рече Земан во неделата во интервју за чешкиот таблоид „Блеск“.

За време на интервјуто, премиерот Андреј Бабиш го демантираше шефот на државата и потсети дека како премиер нема право ниту може да знае кога полицијата или тајните служби прислушуваат врз основа на судска наредба и дека тој никогаш не бил заинтересиран за тоа.

Во интервјуто кога новинарот го потсети дека БИС мора да има наредба од судија на Врховниот суд за прислушување, Земан го оспори тоа, без да наведе докази дали Врховниот суд издал или не таква наредба.

БИС и Врховниот суд, како и премиерот Бабиш, веднаш го демантираа Земан со изјави дека сите прислушувања се одвиваат строго според законите.

„Обвинувањата се сериозни. Исто така, сакаме да ја знаеме позицијата на шефот на БИС, Михал Куделка. На затворена седница, тој може да ни каже повеќе отколку што може да им каже на медиумите“, рече шефот на Комитетот за контрола на разузнавачките служби, Павел Бјелобрадек.

Слични содржини