Имате прекумерна тежина, промени во апетитот и други физиолошки промени? Телото ви сугерира дека има потреба од вашето внимание и грижа. Секоја слабост, особено ако се манифестира почесто, го заслужува вашето внимание. Ги споделуваме едни од најчестите симптоми кои укажуваат за пред дијабетна состојба.
Нејасен вид
Нагли подигнувања и падови во шеќерот во крвта кај луѓето со пред дијабетна состојба можат да предизвикаат нарушувања во видот. Обично пациентите велат дека гледаат нејасно. По консултација со специјалист и регулирање на нивото на шеќерот, видот би требало да се нормализира.
Постојано чувство на жед
Еден од најчестите знаци кои укажуваат на висок ризик од дијабетес е постојаното чувство за жед. Тоа се јавува како одговор на високите нивоа на шеќер во крвта. За да спречите и дехидратација многу е важно да пиете доволно вода и течности во текот на денот.
Бавно зараснување на рани
Уште еден знак кој не смее да го одминете. Кога ќе се повредите, секогаш обрнете внимание за колку време се опоравува кожата. Високиот крвен шеќер може да ја забави циркулацијата и на кожата да ѝ е потребно повеќе време за заздравување.
Како резултат, незначителни повреди можат да бараат повеќе како време за да се излечат. Исто така, не е исклучен и развојот на инфекции од различен карактер.
Чест замор
Организмот го користи шеќерот за “гориво”. Но, кај луѓето кои се наоѓаат во пред дијабетна состојба е можно да се појави отпор кон хормонот инсулин. Тоа значи дека вашето тело не е во состојба ефикасно да ја користи гликозата во крвта како енергија, а тоа доведува до често чувство на замор.
Остра и необјаснива промена во телесната тежина
Во случаите кога телото не е во можност да ја трансформира гликозата во крвта во енергија, тоа почнува да бара други извори на енергија. Дури и да не сте ја промениле исхраната, почнувате нагло да губите килограми.
Во други случаи, инсулинската резистенција може да ве натера да се чувствувате почесто гладни, а тоа неизбежно ќе доведе до конзумирање на повеќе храна и почесто нездрава, како и за зголемувањето на телесната тежина.
Акантозис нигриканс
Високите нивоа на инсулин може да ја зголемат брзината со која кожните клетки се репродуцираат. Ова може да доведе до обојување на кожата во областа на грбот, вратот, пазувите, наборите на лактите.