Честит Илинден СЈО. Само вие знаете, или сте на пат да дознаете дали Републиката е се уште во пламен заради високите патриотско револуционерни чувства кај властодршците, или е заглибена во криминален гериз на владините апаши од кој треба да ја извлечете.

Вие сте новиот темел на Републиката во гериз, Катерпилар со цврсти сајли со кои Македонија треба да се извлече од подземните катакомби на мафиозите, за да можеме да ги усмериме шмрковите и да ја исчистиме во порите.
За Републиката во криминален гериз, нема да има поголемо Востание, од вашето.
Знам дека вие сте единствената институција во државава која работи 24/7, знам дека сте цврсти, непоколебливи и истрајни, и знам дека секој слободомислечки жител на оваа држава ви испраќа искрена поддршка и пораки да издржите ДО КРАЈ. Издржете.
Честит Илинден, СЈО.
Боки Бургија
фејсбук статус