181
Лидерот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, прв му честита на новиот избран претседател на САД, само неколку моменти по потврдата на победата на претседателските избори на 3 ноември.
„Нашиот голем пријател Џо Бајден се врати, сега е на чело на Соединетите Американски Држави. Му посакувам добро здравје, успех и добра работа на претседателот Бајден и им честитам на Соединетите Држави за завршувањето на изборниот процес и новоизбраниот Конгрес, Сенатот и Белата Куќа. Голема благодарност и до претседателот Доналд Трамп и неговиот придонес во изминатите 4 години.
„Нашето пријателство со Соединетите Држави е вечно“, напиша Ахмети во својата честитка до новоизбраниот претседател Бајден.