Фудбалерот Жерар Пике неодамна беше фотографиран со 23-годишната студентка Клара Марти на фестивал во Каталонија, а многумина ги интересира која е неговата нова девојка.
Клара е првата девојка со која Пике беше виден во јавноста по раскинувањето на 12-годишната врска со пејачката Шакира (45) со која има два сина.
Атрактивната русокоса студира односи со јавноста и живее во Барселона.
Според The Sun, Клара работи за филмската и ТВ продукциската куќа на Пике „Космос“, надгледувајќи специјални настани. Клара на својот Инстаграм објавува атрактивни фотографии и често позира во долна облека, но и топлес.
Шакира наводно не е среќна затоа што Пике се појавил во јавноста со Клара, пишува „Дејли мејл“. Извор близок до семејството на Шакира тврди дека фудбалерот и пејачката имале договор да не се појавуваат во јавноста со нови партнери во текот на првата година по раскинувањето.