326
Четири американски авиони CVT-22B Osprey и два воени транспортера C-130 Hercules слетале во воената база Суда на островот Крит во четвртокот, објави весникот Катимерини.
Според извори на весникот, шесте авиони кои се префрлени од американска база во Англија ќе се користат за потенцијални операции за евакуација на американски граѓани или офицери од Ирак или од поширокиот регион на Блискиот исток.
Според аналитичари, засиленото стратешко значење на таа база добива на тежина бидејќи авиобазата Инџирлик во јужна Турција е поблизу до Багдад.