205
Најмалку четири деца и тројца возрасни се повредени во руски воздушен напад на училишниот стадион во Харков, соопштија денеска украинските власти.
Двајца тинејџери се хоспитализирани во тешка состојба, изјави регионалниот гувернер Олех Синегубов на платформата Телеграм.
Обвинителството соопшти дека при нападот биле оштетени училиштето и околните станбени згради.