Од 2007 до 2020 година, тим на научници во Шпанија спроведе истражување за влијанието на алкохолните пијалоци врз здравјето.
Некои од студиите што ги прегледале научниците покажуваат дека состојките кои природно се наоѓаат во пивото, а не во алкохолот, можат да бидат добри за здравјето. Бидејќи побарувачката за безалкохолно пиво е поголема од кога било, ова е добра вест за оние кои сакаат пиво, но избегнуваат алкохол.
Друг заклучок до кој дошле во текот на истражувањето е дека умереното консумирање пиво добро влијае на здравјето. Еден пијалок дневно за жени и два за мажи се максимум, тврдат тие.
Умереното консумирање пиво штити од кардиоваскуларни болести
Истражувачите тврдат дека пет од шесте студии што ги избрале за преглед тврдат дека умереното консумирање алкохол може да заштити од развој на кардиоваскуларни болести.
Пивото ги штити мажите од развој на дијабетес
Истражувачите велат дека мажите кои воопшто не пијат алкохол се изложени на поголем ризик да развијат абнормални нивоа на гликоза од оние кои повремено пијат пиво.
Пивото е поврзано со здрава густина на коските
Ако ја погледнеме густината на коските и ризикот од фрактури на коските кај постарите лица, истражувачите тврдат дека оние кои консумирале дури и мала количина пиво се помалку изложени на ризик.
Тие понудија и научно објаснување: „Другите состојки на пивото работат во синергија со силиконот и ги стимулираат остеобластните клетки кои ја поправаат структурата на коските и помагаат во реминеларизација на коските и забите“.
Пивото може да го намали холестеролот
Неколку студии сугерираат дека пивото помага во развојот на добриот холестерол и го регулира производството на лошиот холестерол во телото, благодарение на неговата висока содржина на антиоксиданси.
Важно е да се додаде дека тоа се случува кога се консумира многу мала количина пиво, пренесува „EatThis“.