Четири големи маркети меѓусебно договарале цени на производи, на удар и една од стопанските комори

од Nikola Popovski
293 прегледи

Поведена е прекршочна постапка против неколку ланци маркети кои се договарале за цени на производи – ова го соопштија од Комисијата за заштита на конкуренцијата. На удар биле четири големи маркети и една од стопанските комори, во која истите се здружени. Како што се наведува во соопштението на Комисијата, трговските ланци се договориле да не набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници.

„При контролата во службените простории на правните лица, извршен е увид во службената документација и направен е и увид во средствата за електронска комуникација при што се пронајдени докази дека истите донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање.

Контролираните субјекти спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забранета одлука односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна постапка“, велат од Комисијата. Најавуваат најригорозни мерки и санкции на секое нарушување на конкуренцијата на пазарот.

Поевтинуваат над 1.000 производи, владините одлуки за ограничени профитни маржи и утврдена највисока цена стапија на сила.

Лебот, брашното, јајцата, млекото, маслото за јадење имаат ограничени маржи од 5 отсто до 30-ти април. Маржи од 10 отсто имаат месото и месните производи, шеќерот, кафето, тестенините, оризот, гравот и одредени алкохолни пијалаци. Додека цените на свежото овошје и зеленчукот, детергентите и средствата за лична хигиена, како и бебешката храна се со ограничени маржи за 15 отсто. Паралелно со одлуките, Владата ги обврза трговците да обезбедат најмалку 70 отсто од количините што ги имале го јануари. Граѓаните очекуваат поголема општествена одговорност од трговците.

Инспекторите се на терен. Екипирани во 50 тимови од кои 20 ќе контролираат во Скопје, а останатите во маркетите низ земјава. За непочитување на одлуките, казни и до 20 илјади евра.

Експертската јавност смета дека ваквите одлуки на Владата сепак се задоцнети. Граѓаните, пак се надеваат дека ќе има поголемо поевтинување на храната од 2 до 3 денари.

Граѓаните со големи очекувања од мерката органичени маржи: Ќе има ли поголемо поевтинување на храната од 2 до 3 денари?

Новите цени треба да се одразат на следната пресметка на синдикалната минимална кошница, која во февруари изнесува 63.773 денари, односно за 521 денар повеќе споредно со јануари.

Слични содржини