370
Во зоолошката градина во Барселона, четири лавови добиле позитивни резултати од тестот за ковид-19, пренесува „Sky News“.
Станува збор за три 16-годишни женки(Зала, Нима и Ран ран) и едно четиригодишен мажјак по име Киумбе. Тие биле тестирани откако вработените во зоолошката забележале благи симптоми на болеста кај тие четири животни.
Од зоолошката градина соопштиле дека немаат потешкотии при дишењето, но им даваат антиинфламаторни лекови по упатство на ветеринари, објави „Ел Паис“.
Ова е вторпат како Ковид-19 се пријавува кај оваа категорија на животни во зоолошка градина. Првиот пат се случи во зоолошката градина во населбата Бронкс во Љујорк кога четири тигри и три лавови биле заразени со короната во април. Сите животни се опоравиле.