Четири лица се борат за живот: Шкода се преврте и се запали на булеварот „Гоце Делчев“

од Илинка Илиоска
153 прегледи

Четири лица се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ по сериозна сообраќајна несреќа која вечерва се случила на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, соопшти МВР.

Во несреќата учествувале две возила, „шкода“ и „бмв“. По судирот, возилото „шкода“ се превртело и се запалило. Инцидентот се случил неколку минути пред 21 часот.

„На 15.10.2024 околу 20:55 часот е пријавена сообраќајна несреќа на булеварот Гоце Делчев, на пресекот со улица Лазар Личеновски, во која учествувале патничко возило ‘шкода’ и ‘бмв’, и двата со скопски регистарски таблички,“ изјавија од МВР за Прес24.

„Возилото ‘шкода’ се превртело и се запалило, а четири лица се пренесени во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ за медицинска помош. Сообраќајот беше пренасочен на кратко, а сега се одвива во една коловозна лента,“ додадоа од МВР.

Слични содржини