Четири лица се убиени во американскиот град Филаделфија доцна во понеделникот, соопшти полицијата.
Оттаму соопштуваат и дека во престрелката во југозападниот дел на градот се ранети две деца на возраст од две и 13 години. Сите жртви се мажи.
Осомничениот напаѓач сега е во притвор, а кај него биле пронајдени пушка и пиштол.
Полицијата додаде дека осомничениот, чие име не е објавено, носел елек со повеќе рамки за муниција.
На прес-конференција, полицискиот комесар во Филаделфија, Даниел Аутлау, рече дека полицијата го примила повикот околу 20:30 часот по локално време во понеделникот.
Полицајците констатирале дека на лице место има повеќе жртви, а додека прибирале докази слушнале истрели, рече таа.
Таа додаде дека полицијата потоа го бркала осомничениот, додека мажот за кој се верува дека има околу 40 години пукал во нив.
Подоцна бил приведен.