Четири лица повредени во сообраќајка на патот Скопје – Тетово

од Берта Китинска
238 прегледи

Четири лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 20.30 часот во СВР Скопје се случила на регионалниот пат Скопје – Тетово.

Во несреќата, информира МВР, учествувале „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(44) од с.Ласкарци, скопско и „сузуки свифт“ со косовски национални ознаки, управувано од М.З.(37) од с.Ласкарци.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.П., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје, како и сопатничка во патничкото моторно возило „сузики свифт“, С.М. (31) од Швајцарија, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Со телесни повреди во несреќата се здобиле возачот на возилото „сузуки свифт“ и сопатничката Л.Ш.П. (29) од Швајцарија, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје, велат од МВР.