Четири лица се застрелани во населба во Батлер Тауншип во округот Монтгомери, Охајо, а полицијата трага по маж кој се смета за вооружен и опасен, соопштија локалните власти.
Во соопштението од локалните власти се наведува дека полицијата во петокот нешто пред пладне добила повик да интервенира поради дојава за пукање, пренесува АП.
Началникот на локалната полиција Џон Портер изјави дека четири жртви со прострелни рани и без знаци на живот биле пронајдени на „неколку различни места на злосторството“.
Во соопштението се вели дека полицијата трага по Стивен Марлоу, за кој се верува дека побегнал од областа со џип, предупредувајќи го секој што ќе го види него или возилото веднаш да повика полиција „и да не му приоѓа бидејќи е веројатно дека и понатаму е вооружен и опасен“.
Началникот Портер рече дека полицијата не верува дека постои закана за населбата каде што се случило злосторството, но потврди дека полицајците ќе останат во областа во случај осомничениот да се врати.