Четири месеци без плата, во услови на тешка економска криза: Протестираа вработените во водостопанската подружница „Брегалница“

од Берта Китинска
184 прегледи

Доцнат платите за над 500 вработени во сите подружници на АД Водостопанство, за една недела ќе доспее и четвртата плата за месец септември, велат вработени во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани на протестот поради доцнењето на платите за последните четири месеци.

-Тоа се случува во услови на тешка економска криза, не можеме да ги сервисираме сите обврски што ги имаме, тешко е да се издржат давачките за струја, вода и другите трошоци за нашите семејства. Состојбата е загрижувачка и бараме итна реакција на одговорните во дирекцијата во Скопје, истакна Стефанка Димитрова, вработена во водостопанската подружница „Брегалница“.

За состојбата со неисплатените плати реагирала и синдикалната организација во водостопанската подружница во Кочани, која е една од најуспешните во АД Водостопанство. Нејзините членови бараат итна исплата на заостанатите плати, за да не се доведе во прашање натамошното функционирање на претпријатието.

Слични содржини