Четири навики кои му штетат на вашиот мозок

од Vladimir Zorba
544 прегледи

Мозокот е еден од најважните органи на човечкото тело. За да го зачуваме нашето когнитивно здравје, потребно е да работиме на секојдневни активности кои му штетат.

Д-р Рудолф Е. Танзи, професор по неврологија, наведува „вообичаени навики“ кои значително штетат на функцијата на мозокот.

Работно време од осум часа

Иако работната активност е важна за зачувување на мозочните функции, од клучно значење е да се најде оптимален баланс помеѓу работата и одморот. Човекот секако не е создаден да седи по осум часа на ден пред компјутер, да работи без престан и да одговара на мејлови и телефонски повици во слободното време. Се разбира, понекогаш е невозможно да се промени веќе воспоставениот распоред за работа, но можно е да се направат мали исклучоци кои ни се од голема корист.

За почеток, добро би било работата да ја организираме уште на почетокот на смената, за да имаме точен распоред на задачите и да вметнеме неколку мали паузи во кои би се прошетале и би дишеле чист воздух.

Прекумерна изолација

Бидејќи во текот на работната недела постојано сме опкружени со голема група на луѓе, за време на викендот често преферираме самотија. Сепак, прашање е колку е тоа корисно за нашето ментално здравје.

Д-р Танзи вели дека треба да одржуваме корисни интеракции со луѓето затоа е неопходно да имаме некој близок со кој ќе поминуваме повеќе време. Доколку немате таква личност во близина, новото хоби е одлична опција за да запознаете луѓе со слични интереси. Кој знае, можеби вашата сродна душа се крие на курсот по Германски јазик!

Прекумерна изложеност на екранот

Денес е речиси невозможно да се избегне гледањето во екранот. Екраните се присутни секој ден во текот на нашето работно време, но и за време на нашите одмори, бидејќи токму тогаш сакаме да ги гледаме нашите омилени емисии. Се разбира, нашите очи страдаат поради ова и би било добро да се најде алтернатива.

За среќа, речиси секоја активност е покорисна за здравјето на нашиот мозок отколку поминувањето време пред телевизор или мобилен телефон. Прошетајте низ паркот во близина на вашиот дом или прочитајте книга пред спиење – наутро ќе се разбудите позадоволни.

Постојано чувство на вина и грижа

Има ли денес човек кој нема грижи? Можеме со сигурност да кажеме дека не постои.

Прекумерната грижа е еден од главните виновници за лошото ментално здравје на човекот денес. Барем на кратко во текот на денот заборавете на семејните или финансиските проблеми, најдете нешто што ве опушта и препуштете се на тоа. Запомнете дека никој не може да се грижи за вас подобро од вас самите.

Слични содржини