Четири сигнали дека на врската ѝ дошол крајот

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Многу двојки остануваат во врска долго откако работите престануваат да имаат смисла. Имате заедничко минато, приврзани сте, навикнати сте еден на друг, а можеби пријателите и семејството вршат притисок.

Секако, не треба да брзате и да ја прекинете врската само затоа што дошол лош период, но ако некои работи постојано се случуваат, тогаш дефинитивно е подобро да раскинете отколку да го продолжите нешто што ви станало празно, иако на другите можеби не им изгледа така.

1. Вашето задоволство не му е важно

И тоа го мислиме во кревет.

На партнерот му е важно само неговото задоволство, додека околу вашето нема намера да се труди премногу.

2. Не сака да оди никаде

Вие сакате да излезете, партнерот не сака.

Нему не му е опција ниту да ја гледате омилената серија дома.

Обична прошетка? Не му се оди.

3. Неговото семејство е секогаш на прво место

Особено ако поради некоја причина неговото семејство не е премногу ентузијастичко за вас, тоа дефинитивно ќе биде голем проблем.

Исто така, ако тој факт е негиран или дозволен со таквото нивно однесување, дури и пред вас.

4. Барате изговори

Партнерот веќе не е толку привлечен или забавен, но сепак се тешите што е толку добра личност, сите ваши пријатели го сакаат, мајка ви го обожава, некогаш ви беше толку убаво.

Слични содржини