Четири трикови како повторно да се вљубите – во својот партнер

од Stefanija Kuzmanovska
372 прегледи

Кога ќе помине првичната вљубеност, односно излуденоста едни по други, врската може да стане рутина, што на крајот може да доведе до раскинување.

За да не ви се случи тоа, послушајте ги советите на експертот за врски Лиза Консепшн, која за Elite Daily откри што можете да направите за од ден на ден да бидете се повеќе вљубени во вашиот партнер.

Поставете заеднички цели

Еден од начините да се зближите уште повеќе со партнерот и да се за вљубите уште повеќе едни во други е да поставите некаква заедничка цел. Не мора да биде нешто големо. Дури и ситници, како заштеда за заедничко патување, ќе ви помогнат да се зближите со партнерот.

Фокусирајте се на позитивното

Сосема е нормално вашиот партнер да започне да ве нервира по неколкугодишната врска, но не смеете да дозволите ситниците да ве лутат. Во такви ситуации, обидете се да се сетите на среќен заеднички момент, и кога ќе научите да се фокусирате на позитивните страни во вашата врска, ќе престанете да ги забележувате малите нешта што ве нервираат.

Прифатете го и поттикнете го растот на вашиот партнер

Во здрава и среќна врска, секој од партнерите се поддржува и охрабрува едни со други да растат и да се развиваат. Ако едниот партнер нема поддршка од другиот, таквата врска тешко може да опстане. Од друга страна, кога ќе се поддржувате и мотивирате едни со други, вашата љубов само ќе се зајакнува од ден на ден.

Сакајте се себеси

И последно, но не и најмалку важно е љубовта кон себе. Ако не се сакате себеси, не можете да очекувате другите да ве сакаат, а кога ќе се сакате, ќе имате повеќе љубов и за другите.

Слични содржини