Четири затворски казни и една условна, за петмината кои признааа вина во случајот „Двојник“

од Andreja Salpe
356 прегледи

За случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани, вкупна затворска казна во времетраење од шест години и десет месеци судот одреди на три лица и условна казна од шесет месеци на четвртиот вработен во МВР за злоупотреба на службената положба.

Судот му одреди казна затвор од две години и три месеци за поттикнување на петтообвинетиот, кој призна вина на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Максимална казна за дело „злоупотреба на службената положба” е три години.

– Вработените во својство на службени лица во МВР треба да влеваат доверба на граѓаните, што дополнително ги прави отежнети околностите. Со издавањето на лажните патни исправи е загрозен и интегритетот на системот на издавање патни исправи, а исто така, нарушен е интегритетот и безбедност на државата, изјави судијката.

Слични содржини