Се појавија наводи за идентитетот на „главниот“ двојник на Путин: Преживеал обид за труење?

од Stefanija Kuzmanovska

Наводниот двојник на рускиот претседател Владимир Путин е идентификуван како „столар“ од Белорусија и се вели дека преживеал обид за атентат. Неговото име е Евгениј Василиевич и „Дејли мејл“ пишува дека тој е „главниот двојник“ на рускиот претседател.

Василиевич „развил осип на кожата на горните и долните екстремитети и на вратот, што лекарите првично го помешале со алергија“, објави денеска рускиот Телеграм профил Генерал СВР без да обезбеди докази, пишува „Дејли мејл“.

Профилот, кој е познат по своите смели тврдења за здравјето на Путин, е меѓу неколкуте извори кои тврдат дека редовно се распоредуваат еден или повеќе двојници на Путин, теорија поддржана од украинското воено разузнавање.

За Василиевич се наведува и дека е „столар“ од Белорусија.

На тој профил на Телеграм се тврди дека лекарите му дале на наводниот двојник на Путин лекови, но дека „кога се дознале резултатите од тестот“, тие итно го контактирале шефот на Советот за безбедност, Николај Патрушев, открива Телеграм профилот.

Како што тврдат оттаму, безбедносните служби ФСБ и ФСО покренале истрага за наводниот атентат на Василиевич.

Пишува и дека има информации од Кремљ, но нема цврсти докази, поради што многумина го гледаат како извор на теории на заговор.

Патем, анонимниот профил се појави во 2020 година, пред руската инвазија на Украина, тврдејќи дека го водат поранешни и сегашни членови на официјални руски власти. Оттогаш на тој профил се изнесени низа неосновани и недокажани тврдења за Путин и неговата администрација.

Докторот Валериј Соловиев сега тврди дека руските тајни служби го обучиле столарот од Белорусија „да ја игра улогата на Путин“.

„Оние од вас, драги пријатели, кои ја видовте таканаречената новогодишна честитка на таканаречениот руски претседател, веројатно забележале дека е многу кратка. Тоа не беше само многу кратко, тоа беше една од најкратките во историјата (на новогодишните пораки). Зошто беше една од најкратките?“, праша д-р Соловиев и додаде:

„Одговорот е јасен. Не гледај и не слушај. Не гледајте на изгледот и не слушајте го гласот на мажот. Овој човек, двојникот на Путин, се вика Евгениј Василиевич. Тој доаѓа од Белорусија. Тоа е вистината“, напиша Соловиев.

Украинското воено разузнавање, исто така, оваа недела тврдеше дека Кремљ распоредува најмалку тројца двојници на Путин. Андриј Јусов, портпарол на украинската воена разузнавачка агенција ХУР, изјави оваа недела: „Оваа информација (за Владимир Путин кој користи двојници) е потврдена од многу извори“.

Слични содржини