Четири здравствени придобивки од капините

од Stefanija Kuzmanovska

Кога би постоела топ-листа на најздрави намирници, капините сигурно би биле во првите десет. Ова овошје е богато со моќни антиоксиданси, особено елагитанин, кој го нема во речиси ниту една друга намирница.

Капините се сметаат за суперхрана, пред се поради многу лековитите антиоксиданси, како што се антоцијаните, витаминот Ц, витаминот Е, елагичната киселина и слично.

Капините имаат бројни здравствени придобивки, во продолжение следуваат четири:

1. Го зајакнуваат имунитетот
Поради сите состојки кои ги содржат, капините се идеални за подобра работа, односно за зајакнување на имунолошкиот систем. Редовното консумирање придонесува многу за заштита на вашето тело од разни инфекции и други болести, пишува Healthline.

2. Богати се со витамин Ц
Витаминот Ц помага во производството на колаген, кој ја одржува вашата кожа, крвните садови, ‘рскавицата, тетивите и лигаментите здрави. Витаминот Ц е исто така антиоксиданс кој може да блокира дел од штетите предизвикани од слободните радикали, кои се произведуваат додека вашето тело ја разградува храната.

3. Го подобрува варењето
Ако сакате да имате добро варење, консумирајте капини бидејќи тие се добар извор на влакна. Влакната од капините се многу важни за нормално функционирање на дигестивниот систем, бидејќи го одржуваат дигестивниот систем во идеална состојба.

4. За здрави коски
Магнезиумот и калциумот кои се наоѓаат во капините се многу важни за одржување на здравјето на коските. Магнезиумот ја олеснува апсорпцијата на калциумот во телото, додека калциумот е важен за зајакнување на коските.

Слични содржини