Четири жешки клупи во ПЛ, една го чека Дејвид Мојс?

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Дејвид Мојс летово го напушти Вест Хем, но наскоро би можел да се врати во Премиер лигата.

Како што пренесуваат англиските медиуми, четири клуба во моментов разгледуваат опции, а во наредниот период би можеле да ги сменат своите менаџери.

Очекувано, клубовите кои „горат“ во борбата за опстанок и ги чека борба до самиот крај се – Саутемптон, Лестер, Кристал Палас и Вулверхемптон.

Наводно, најреална опција во моментов е Кристал Палас наскоро да му врачи отказ на Оливер Гласнер, но менаџментот се насочува не само кон Дејвид Мојс, туку и кон Греам Потер.

Впечаток е дека Гери О’Нил е најсигурен, бидејќи ги извлече Волвс од кризата, а сега имаат многу полесен распоред на натпревари.

Лестер е на најдобрата позиција на табелата – 15, но Стив Купер ќе мора да се врати во победничката форма по серијата слаби резултати.

Конечно, тука е и Расел Мартин во кого се уште има доверба од управата на Саутемптон, иако се последни на табелата со четири освоени бода. Сигурно е дека нема да остане на клупата до Божиќ доколку наскоро не добие некој бод.

Слични содржини