Четириесет и пет рудари заробени под земја во Русија (ВИДЕО)

од Milan1

Четириесет и пет рудари се останати заробени под земја по пожар во рудникот за јаглен во руската област Кемерово во Сибир, соопшти денеска регионалниот истражен комитет.

„Во тек е операцијата на евакуација на рударите од рудникот ’Листвијажнаја’ и досега на површина се извадени 70 рудари“, соопшти Комитетот.

„Според прелиминарните податоци, голем број работници се затруени од чад, а во моментов се утврдува и  бројот на жртвите во инцидентот“, се наведува во соопштението на Комитетот.

Руските медиуми, цитирајќи официјален претставник на рудникот,  јавија дека засега не е позната судбината на 75 рудари.

Слични содржини