Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот меѓу скопските села Рашче и Сарај, кога автомобил паднал во реката Вардар. Како што информираат од МВР во 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар“.
„Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот. На лице место е и јавен обвинител“, додаваат од МВР.
Неофицијално во автомобилот се наоѓале петмина членови на исто семејството од селото Грчец. Станува збор за брачна двојка која патувала со едниот син и снаата од другиот син. Петтиот патник, според овие информации, било четиригодишно дете кое излетало од автомобилот пред тој да падне во реката.
Детето го пронашле минувачи, кои повикале брза помош и тоа било однесено во болница.
Од МВР потврдуваат дека на Клинички центар е пренесено четиригодишно дете.
-Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот. На лице место е и јавен обвинител. Во 18 часот од ГОБ “Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар, велат од МВР.