Четиринаесетгодишно момче паднало од објект во Куманово

од Aleksandar Todeski
342 прегледи

Четиринаесетгодишно момче денеска паднало од објект на поранешен „Жито-мел“ во Куманово и се здобило со тешки телесни повреди, информираше кумановската полиција.

Случајот кај нив го пријавил лекар од болницата во 15 часот кој кажал дека момчето, родено 2005 година, паднало од зграда од поранешната фабрика, лоцирана во центарот на Куманово.

Поради сеиозноста на повредите момчето е пренесено на лекување на клиника во Скопје.

Објектите на поранешниот мелнички комбинат со години се запуштени и многу често се случуваат пожари во некои од нив.

Слични содржини