Актуелно
Почетна / Бизнис / Четирипати зголемен бројот на повици преку Viber за време на пандемијата

Четирипати зголемен бројот на повици преку Viber за време на пандемијата

Комуникациската платформа „Rakutan Viber“ бележи раст од 134 проценти во бројот на групни пораки испратени во последните недели, во однос на последната недела од јануари, а бројот на групни повици се зголеми за 370 проценти.

Компанијата соопшти денеска дека бројот на нови корисници дневно на Viber се зголемил за 18 проценти во март, а просечното времетраење на повикот е подолго за 35 проценти.

„Нашите клиенти се потпираат на нас и ние ќе продолжиме да работиме на подобрување на нивното искуство додека ние се потрудиме да останеме поврзани – бесплатно и безбедно“, рече извршниот директор на „Rakutan Viber“, Џамел Аквауа.

Исто така, направени се измени во апликацијата, меѓу кои бројот на учесници во групни аудио повици се зголеми од пет на 20 лица истовремено, а има и нов стикер „Остани дома“.

loading...