Четирите намирници кои најчесто предизвикуваат труење

од Nikola Popovski
514 прегледи

Секоја храна може да предизвика труење, но има озлогласени намирници кои носат поголем ризик од труење. Со други зборови, тие често содржат штетни микроби кои можат сериозно да ве разболат.

Добро познат факт е дека сировата храна од животинско потекло е меѓу најризичните намирници кога станува збор за труење со храна. Тие вклучуваат недоволно варено месо, сурови или меко варени јајца, непастеризирано (сурово) млеко и сурови школки.

Се разбира, овошјето и зеленчукот исто така можат да бидат контаминирани, но шансите се многу помали.

Исто така, важно е да се забележи дека секоја храна може да биде контаминирана, дури и ако тоа не мора да ве разболи.

Ова се намирниците кои најчесто предизвикуваат труење со храна и како да го избегнете тоа.

Месото

Суровото или недоволно варено месо содржи бактерии кампилобактер понекогаш салмонела, клостридиум перфрингенс и други бактерии. Таму може да се најдат и ешерихија и јерсиниа, па затоа се советува да се измие месото пред подготовка за да се избегне пренесување на бактерии на работните површини и други прибор.

За да се ослободите од бактериите, важно е месото доволно термички да се обработи, но и да се чуваат остатоците во фрижидер најдоцна два часа по подготовката.

Овошје и зеленчук

Многу е важно да се јаде сирово овошје и зеленчук, во тој облик имаат најмногу хранлива вредност и здравствени придобивки, но можат да предизвикаат и труење со храна доколку ги содржат бактериите салмонела, ешерихија коли или листерија.

Токму затоа овошјето и зеленчукот треба добро да се измијат пред конзумирање.

Сурово млеко и млечни производи

Иако денес луѓето најмногу консумираат пастеризирано млеко, избегнувајте сирово млеко како и свежи сирења бидејќи може сериозно да се разболите. Овие намирници ги содржат штетните бактерии кампилобактер, клостридиум, ешерихија коли, листерија и салмонела.

Сето ова може да се избегне со готвење, односно термичка обработка на сурово млеко, што ги убива патогените.

Јајца

Целосно сварените јајца имаат цврсти белки и жолчки. Но, суровите јајца може да содржат салмонела, што може да ви предизвика сериозни проблеми.

За да го избегнете ова, држете се подалеку од сирови јајца, а ако правите сос кој содржи сурови јајца, секогаш можете да го промешувате на пареа за да ја намалите можноста за пренесување бактерии, пишува „Cookist“.

Слични содржини