Четворица мртви, 5 повредени во напад со нож во Илиноис

Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен маж. Осомничениот, исто така 22-годишен маж, бил уапсен доцна синоќа.

од Бети Божиноска
161 прегледи

Четири лица загинаа, а пет други се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис вчера попладнето, пренесува „Си-би-ес њуз“.

Полицијата соопшти дека дел од жртвите биле избодени со нож, а бруталниот напад траел 20-тина минути.

Шерифот на округот Винебаго, Гери Каруана, рече дека прво имало провала во куќа во близина. Млада жена која се обидувала да побегне била прободена со нож на лицето и рацете и е тешко повредена. Избоден бил и еден слуќаен минувач кој се обидел да ѝ помогне.

Повиците на 911 за жртви на напад со нож следувале еден по друг додека напаѓачот дивеел во блиската околина. Шефот на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, информираше дека вкупно четири лица загинале, едно лице е тешко повредено, а уште четири лица се префрлени во болница, каде што нивната состојба била стабилизирана.

Ред вели дека не сите жртви биле избодени со нож, но немало жртви од огнено оружје. Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен маж. Осомничениот, исто така 22-годишен маж, бил уапсен доцна синоќа.

Американската поштенска инспекциска служба потврди дека во нападот бил убиен еден поштар, а сведоците велат дека тој можеби бил удрен од пикап за време на нападот.

Полицијата сношти соопшти дека не го знае мотивот зад нападот.

Слични содржини