Четворица починати и 57 заразени со Ковид-19 за една недела

од Nikola Popovski
29 прегледи

Тестирани се вкупно 285 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 36,5% во однос на минатата недела (n=449). Регистрирани сe 57 нови позитивни случаи, со намалување од 48,6% во однос на минатата недела (n=111). Процентот на позитивност се движи од 10,0% до 45,0%, просечно 20,9%, информираат од Институтот за јавно здравје во својот последен извештај.

Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 8 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=39; 68,4%), a највисока инциденца е регистрирана во Делчево (14,7/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (n=21; 36,8%).

Во текот на минатата недела (09-15.09.2024) со статус „оздравени“ се стекнале 107 лица. Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се 4 починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години, 3 од нив се починати во болнички услови, а кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се невакцинирани против КОВИД-19.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години.

Во текот на 2024 година, а заклучно со 15.09.2024, во земјава се регистрирани вкупно 1.560 заболени и 20 починати лица асоцирани со КОВИД-19. Од појавата на првиот случај на КОВИД-19 на 26 февруари 2020 година пријавени се вкупно 351.876 заболени со КОВИД-19 и 9.999 починати лица асоцирани со КОВИД-19.

Слични содржини