Четворица повредени во судар меѓу амбулантно и патничко возило во Скопје

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Четири лица се повредени во синоќешниот судар во Скопје меѓу патнички автомобил и взило на Итна медицинска помош.

Според информациите од МВР, сообраќајката се случила на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“. Се судриле патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72), двајцата од Куманово.

Повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св.Наум Охридски“, а на местото на настанот е извршен увид од екипа на МВР.

Слични содржини