Четворица загинати во терористички напад во Тел Авив

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Двајца Палестинци отворија оган вчера вечерта крај отворен трговски комплекс во центарот на Тел Авив. Во нападот загинаа четири лица, а беа повредени петмина, според информациите на светските агенции.

0000305085-article2

Нападот бил извршен во познатиот  туристички кварт Сарон, во кој вечерно време рестораните и продавниците се полни со луѓе. Трговскиот комплекс во Сарон е лоциран во близина на  Министерството за одбрана, каде често патролираат униформирани војници.

Девет лица беа хоспитализирани по пукањето. Четворица починаа од повредите во телавивската болница “Ичилов”.

„Двајцата терористи кои го извршија нападот во квартот Сарон, се братучеди и живеат во реонот на градот Хеброн. Едниот е во болница во тешка состојба, а другиот е уапсен”, изјави во коминике полициската портпаролка Луба Самри.

Очевидци раскажуваат дека двајцата мажи, облечени во темни костуми и вратоврски, седеле во едно од кафулињата во комплексот и си порачале храна. Истите, извадиле огнено оружје од чантите и почнале да пукаат.