Четворица Американци евакуирани од Авганистан по копнен пат

од Nikola Popovski
224 прегледи

САД евакуираа четворица Американци од Авганистан во соседна земја, изјави претставник на Стејт департментот, во првата евакуација по копно по повлекувањето на американските сили на 31 август, објави Ројтерс.

Околу 124.000 луѓе беа евакуирани од Кабул минатиот месец со летови предводени од САД.

Американски и други странски државјани беа евакуирани, како и загрозени Авганистанци, бидејќи Талибанците ја преземаа контролата над Авганистан.

„Овозможивме заминување на четворица американски државјани од Авганистан по копно. Нашата амбасада ги поздрави Американците при преминување на границата во трета земја“, изјави неименуван функционер за Ројтерс, без да даде повеќе детали.

Американскиот конгресмен Рони Џексон на Твитер напиша дека станува збор за Американци од неговата област во Тексас.

По повлекувањето на американските сили, летовите за евакуација беа завршени, а комерцијалните летови го избегнаа аеродромот во Кабул.

Талибанците ја презедоа власта во Авганистан на 15 август. Тој ден, авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата откако талибанските борци го опколија Кабул и ја предадоа власта.

 

Слични содржини