Четворица загинати во невремето во Шпанија, блокирани патишта, затворени училишта

од Aleksandar Petrovski
133 прегледи

Четири лица загинаа, од кои тројца мажи и една жена, во невремето што од неделата зафати поголем дел од Шпанија.

Поради зимската бура, повеќе од 200.000 лица се без струја, училиштата се затворени, а патиштата се блокирани од снег.

Големи бранови и силен ветар има во крајбрежните градови, каде што се оштетени многу продавници и ресторани.

Многу училишта во Каталонија, Валенсија и Арагон се затворени, јавуваат шпанските медиуми.

Сообраќајната полиција соопшти дека десетици патишта се непроодни поради големи наноси од снег.

Слични содржини