Четворицата полицајци ги прекршиле уставните права на Флојд

од Stefanija Kuzmanovska
353 прегледи

Големата федерална порота ги обвини четворицата поранешни полицајци во Минеаполис, вклучени во апсењето и смртта на Џорџ Флојд, за кршење на неговите уставни права, додека тој бил врзан и се борел за воздух.

Поранешните полицајци Дерек Шовин, Ту Тао и Џеј Квенг се обвинети за кршење на правото на Флојд врз него да не се применува прекумерна сила. Сите заедно со четвртиот полицаец, Томас Лејн, се обвинети дека не му пружиле медицинска помош на Флојд, пренесува АП.

Според второто обвинение, Шовин е обвинет и за апсење на 14-годишно момче во 2017 година, кому исто така му клечел на вратот.

Тој беше осуден за убиството на Флојд минатиот месец и се наоѓа во затворот во Минесота со максимално обезбедување додека чека пресуда. Останатите тројца поранешни полицајци чекаат судење во август на слобода.

Флојд (46) почина на 25 мај минатата година, откако Шовин го приклешти на земја, држејќи го коленото на неговиот врат, иако Флојд постојано велел дека не може да дише.

Слични содржини