„Четворка“ е четвртиот албум на „Баклава“, достапен на сите музички платформи

од Elena Daskalova
364 прегледи

Четвртиот албум на „Баклава“, симболично наречен „Четворка“, содржи 13 нови песни, за кои тие велат дека е вртење на нова страница во нивната работа.

„Ова ремек-дело е наше дете. Без разлика дали тоа ќе ви биде смешно или раздразливо, ние го сметаме за свое, исто како да сме го родиле. И можеме да ви порачаме, дека покрај што ги сакате вашите деца, и покрај тоа што ве радуваат или нервираат додека растат, чувајте ги. Чувајте ги додека можете. Дајте им корен и дајте им крилја…“, велат од бендот за својот нов албум.

Секоја песна ја опишуваат со една боја. А, токму поради светскиот призвук, вложениот труд, љубовта со која е работен, не е ни чудно што албумот е достапен на сите поголеми светски музички платформи, вклучувајќи ја и „Спотифај“, на „Јутјуб“, „Ајтјунс“ и многу други.

 

Слични содржини