Четврта трансплатација на срце во земјава, донор е 44-годишна жена

од Берта Китинска

Тим на доктори ја изврши четвртата трансплантација на срце во Македонија. За ова на социјалните мрежи објави министерот за здравство.

„Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем. Повеќе детали за трансплантацијата во текот на денот“, информираше министерот Филипче.

Според информациите во повеќе медиуми донорот е 44- годишна жена од Скопје , која починала од мозочен удар.

Досега беа направени три трансплатации на срце во Македонија. Првата трансплатнација од починат донор беше направена во мај минатата година, а годинава имаше уште две трансплантации.

Слични содржини