ЧЕТВРТА ЖРТВА ОД НЕВРЕМЕТО ВО СЛОВЕНИЈА: На брегот на Сава пронајден мртов маж

од Nikola Popovski
227 прегледи

Безживотно тело на маж е пронајдено денеска на неколку стотини метри од куќата во која живеел на брегот на Сава во Томачево, недалеку од Љубљана.

Според првичните информации, се претпоставува дека мажот загинал во поплавите, јавуваат тамошните медиуми.

Полицијата спроведува истрага и продолжува да собира информации за сите околности на немилите настани, јавува РТВ Словенија.

Словенечките медиуми во петокот јавија дека три лица го загубиле животот како последица на невремето.

Според Генералната полициска управа, една жена била однесена од водата во месноста Камник, а двајца холандски планинари загинале од гром во планините во областа Крање.

Слични содржини