Четврто обраќање на Пендаровски пред пратениците

од Nikola Popovski
180 прегледи

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска, во рамките на 96. пленарна седница на Парламентот, ќе го оствари своето годишно обраќање во законодавниот дом. Тоа ќе биде четврто по ред обраќање на Пендаровски пред пратениците откако е претседател.

Според Собранието, обраќањето на Пендаровски е единствената точка на седницата закажана за 11:00 часот во сала „Македонија“.

Обраќањето ќе се пренесува во живо на Фејсбук-профилот и Јутјуб-каналот на претседателот.

Неговото обраќање е во период кога земјава се соочува со тешка економска криза поради војната во Украина и во пресрет на евентуалните уставни измени следната година и внесување на бугарското малцинство, што е услов С. Македонија да ја започне втората фаза од преговорите со Европската Унија.

Слични содржини