Чичарито промовиран како играч на Л.А. Галакси: Доаѓам како мексиканска фудбалска легенда

од Vladimir Zorba

Американски Лос Анџелес Галакси го промовирашесвоето големо засилување за новата сезона – Хавиер Ернандез.

Тој потпиша договор со Лос Анџелес на три години, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Мексиканецот рече дека коментарите за неговото пензионирање не биле точни, односно „периодот за пензионирање може да трае до десет години“

„Многу е едноставно. Мислам дека низ целиот свет, но особено во мојата земја, луѓето сакаат драма. Кога се зборува за пензионирање звучи како „утре, ќе објавам дека ќе ја завршам кариерата“. Тие не слушаа премногу она кажував. Пензионирањето може да трае десет години, никогаш не се знае. Се надевам дека ќе трае толку долго и ќе заминам во пензија на 40 години во Австралија“, рече Ернандез.

Во текот на својата кариера, мексиканскиот фудбалер играше за Гвадалахара, пред да се пресели во Манчестер Јунајтед во 2010 година.

Тој се присети на престојот во Англија и рече дека не му била дадена вистинската можност да ги покаже своит квалитети.

„Повеќето луѓе, како мене, мислеа дека Алекс Фергусон никогаш нема да се пензионира од Јунајтед. Сепак, јас бев таму кога замина во пензија. Имаше луѓе тогаш, кои не ми дозволуваа да играм и да се изразам како што сакав, но и тоа е дел од фудбалот“.

Репрезентативецот на Мексико, исто така, соопшти дека во Северна Америка е многу почитуван.

„Доаѓам овде како мексиканска фудбалска легенда, иако може да им пречи на некои. Играв во мојата земја уште од 16 години. Освоив многу натпревари и третиран сум со голема почит. Дојдов во најдобриот клуб во САД, дојдоа по мене и тоа доволно кажува за тоа што мислат за мене“, додаде напаѓачот.

Слични содржини