Тони Надал во колумна за „Ел Паис“ пишува за веста која го обиколи светот во вторникот, односно за исклучокот што австралиските власти му го дадоа на Новак Ѓоковиќ да учествува на Австралија опен и покрај тоа што не е вакциниран.
Најпрвин Тони Надал изјави дека е изненаден од веста дека Ѓоковиќ ќе учествува на Австралија опен и „исходот од сапуницата“:
„Морам да признаам дека до оваа објава мислев дека Србинот ќе се откаже од учеството или ќе биде вакциниран“, но наместо тоа, „правдата“ на австралиските власти доведе до „тоа да му биде дозволен влез на балканецот“.
Надал понатаму потсети дека причините за изземањето се од медицинска природа, дека лицето на кое му се дава дозвола обично има алергија на некои од состојките на вакцината, за што мора да има медицинска документација, но додаде дека Ѓоковиќ има целосно право да ја чува во тајност својата медицинска историја. Коментирајќи дека тоа е „целосна мистерија“ за него и дека доколку имало какви било злоупотреби во овој процес, судот мора да утврди дали се работи за пропуст на владата на Австралија или „јасна намера на играчите“ за да ги изиграат правилата.
-Таа контроверзија потоа треба да се разјасни доколку сите протагонисти на овој случај сакаат да бидат искрени, напиша Тони Надал, тренер и чичко на Рафа Надал.
-Речиси шест милиони луѓе ги загубија животите од овој проклет вирус… Сакам да мислам дека Новак го знае тоа и дека во знак на човечка чувствителност и разбирање на другите, ќе ја објасни ситуацијата, продолжил чичко му на Рафаел Надал.
-Добро би било Ѓоковиќ да даде некое објаснување бидејќи не верувам дека имало некакви неправилности. Се разбира, тој нема обврска да дава такви приватни информации, но во исто време мора да биде свесен дека светот е во сериозна здравствена криза и дека на глобално ниво луѓето страдаат многу поради сè што се случува, заклучил Надал.