Чифлиганец за „Бизнис инфо“: Изградба на објект во центарот на Солун е мојот нов предизвик

од Vladimir Zorba

Речиси пет години компанијата „Адора инженеринг” не гради во Македонија, но мораториумите и административните бариери не нè спречија да инвестираме и да градиме. Ги насочивме инвестициите во Грција и во Србија. Оваа година се очекува да го пуштиме во употреба најновиот иновативен градежен проект „21 st Century Zlatibor residence, spa & wellness by Adora” на прекрасниот Златибор во Србија. Продолжуваме со градежни инвестиции во соседна Грција, по изградбата на вили на полуостровот Халкидики, следуваше изградбата на туристичкиот бутик комплекс со базен B&D LUXURY Suites на преубавиот остров Тасос, кој располага со 12 луксузни апартмани кои нудат сместување на само 2 минути од познатата плажа Голден бич во Скала Потамија. Годинава започнуваме со целосна реконструкција, од темел на објект во строгиот центар на Солун. Овој објект е мојот нов предизвик, вели во интервју за „Бизнис Инфо“ Драгана Чифлиганец, извршен директор на „Адора Инженеринг”.

Градежниот сектор, кој важи за мотор на вкупната економија, вели таа, преживеа тешка година.

-Тоа го потврдуваат и бројките. Минатата година градежниот сектор регистрираше значителен пад во однос на претходната година. Најизразен беше падот во првиот квартал од 2022 година кога беше регистрирано намалување од 17,2 %, по што следеше незначителен раст од 0,2% во вториот квартал, а во третиот повторно беше регистрирано намалување од 9,1%, посочи Чифлиганец.

Економската, енергетската, здравствената криза ги погоди најголемиот дел од компаниите, децидна е таа, и додава дека ова е период во кој фирмите бараат начини да го одржат производството и бројот на вработени, а помалку се решаваат да влезат во нови инвестиции.

Целото интервју на следниот линк!

Слични содржини