Чилиќ го разби Медведев за четвртфинале на Роланд Гарос

од Nikola Popovski
327 прегледи

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на Франција во Роланд Гарос, кој вечерва во осминафиналето го победи вториот носител Данило Медведев од Русија со 3:0 – 6:2, 6:3, 6:2.

За пласман во финалето, Чилиќ во среда ќе игра против Русинот Андреј Рубљев, на кого Јаник Синер денеска поради повреда му го предаде осминафиналето.

Денешната победа на Чилиќ е второ изненадување на Ролан Гарос, бидејќи претходно младиот дански тенисер Холгер Руне го победи минатогодишниот финалист Стефанос Циципас од Грција со 3:1.

Победата на Чилиќ му овозможи на Новак Ѓоковиќ да остане на врвот на АТП листата и по Ролан Гарос, под услов да ја одбрани титулата.

Медведев можеше да ја заземе лидерската позиција доколку стигнеше до финалето во Париз.